МРТВ реши да штеди: Македонија нема да оди на Евровизија 2023, парите ќе се пренаменат за сметки за струја

Од 1991 година до денес на Евровизија не сме учествувале неколкупати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е првпат сами да се откажеме

Македонија идната година нема да учествува на Евровизија 2023 година. Парите за учество на оваа манифестација ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја, вели во изјава за ММС директорот на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски.

Ова е првпат по осамостојувањето Македонија да се откаже од учеството на најголемата музичка манифестација во Европа.

„Нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба, скратени се сите трошоци, па така парите што требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја“,

изјави Цветковски за ММС.

Од 1991 година до денес на Евровизија не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е првпат сами да се откажеме.

Total
0
Shares
Поврзани објави