Муса до Талат Џафери: „Кога ќе завршам, ќе зборуваш!“

Огнената група се чини ја доби првата битка во ДУИ, бидејќи на денешната седница на Генералниот совет, едногласно беа изгласани имињата за внатрепартиските функции. Кадрите за кои претходно беше постигнат консензус во ДУИ, беа изгласани за членови на Претседателството на Генералниот совет. За потпретседатели се избрани Изет Меџити, Бајрам Реџепи, Арбер Адеми и Арбана Пашоли, генерален секретар – Фатон Ахмети, организациски секретар – Блерим Беџети и секретар за родова застапеност – Саранда Имери. Гостиварскиот огранок изрази незадоволство од застапеноста во органите. Судирот меѓу Талат Џафери и Муса Џафери заврши со прерано заминување на Талат Џафери во знак на револт поради одбивањето на неговиот предлог.

„На листата се додава уште еден потпретседател со конкретен предлог, претседател на огранокот на Гостивар, Валдет Џафери. И во име на огранокот како член на раководството, како пратеник, сакам да ве известам дека огранокот од Гостивар не се согласува со составот на членовите на раководството на партијата кој е предложен“, рече Талат Џафери.

„Традиционално, ДУИ има 4 потпретседатели, 2 секретари, а со новиот статус има и еден секретар за родова еднаквост. Јас со сета почит, мислам за г-ин Талат, ние го почитувавме Гостивар. Два мандати има претседател на Собранието и не е колегијално во Генералниот совет кога ги направивме сите консултации во партијата, да излезе и да го отвори циклусот дека ние ќе направиме пет потпретседатели, некој ќе каже 6… Кога ќе завршам, ќе зборуваш“, рече Муса Џафери.

„Јас сум претседател на целиот овој Совет тука и на крајот на краишта, на сите Албанци во Македонија, не само на Гостивар и на моето село Форино“, рече Талат Џафери.

„Ова е прашање меѓу Џаферовци, не се секирајте. Имаме тројца Џаферовци… Се гласа за тебе кога стануваш претседател на Собранието“, рече Али Ахмети.

Инаку, ДУИ денеска не разговараше за отчетот на министрите, како што упорно бараше огнената група. Оваа тема ќе биде отворена во рамките на партијата за две недели. Но, министрите не мора да поднесат оставки доколку се констатира незадоволство од нивната работа.

„Тоа што ја интересира јавноста е дали сме во служба, дали работиме добро, дали работиме во согласност со законот, дали сме транспарентни, дали даваме отчет, а како ние ги менаџираме механизмите внатре за да бидеме функционери, тоа се организациони прашања на партијата“, рече Бујар Османи, Портпарол на ДУИ.

Ахмети од оваа средба ги повика македонските партии да го искористат моментот за продолжување на интегративните процеси и изјави дека е за поголемо единство меѓу албанските партии.

извор: Алсат

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

КОМАНДИРОТ СРЃАН СО БОГАТО ДОСИЕ НА ИНЦИДЕНТИ Жесток фраер под заштита на Марјан Спасовски, директорот на Управата за извршување на санкциите, обвинува Левица

КОМАНДИРОТ КОЈ ПУШТИ УБИЕЦ БЕШЕ ДЕЛ ОД ИНЦИДЕНТИТЕ НА ИЛИНДЕН КОИ МАРЈАН СПАСОВСКИ ОДБИ ДА ГИ ИСТРАЖИ За…