Најнова вест: Еден од исчезнатите во морето на Халкидики пронајден жив!

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.

Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат. /МИА

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Собранието ги подготви заклучоците за францускиот предлог, нема потреба од промени во преговарачката рамка

Собраниските служби ги подготвија предлог заклучоците за владината информација за францускиот предлог. Според она што го подготвува собраниското…