Најтешко повредениот ученик е син на колега на таткото на Коста, познатиот доктор се моли за своето дете

Тешко ранетото момче В.Т., кое има повреди опасни по живот во нападот во основното училиште во Белград, е син на познат пулмолог д-р Спасој Попевиќ, јавува Информер.рс.

Според извор на медиумот докторот Поповиќ веќе осум часа седи во Ургентниот центар и чека вест за состојбата на своето дете. При пукањето момчето се здобило со повреди на градниот кош, вратот и два ’рбетни пршлени.

– Она што го доживеавме денес е слично на сцени од хорор филмови кои ги гледавме само на телевизија. Родители кои во солзи влетуваат во Ургентниот центар, барајќи ги своите деца, не знаејќи ништо за нив… Меѓу нив бил и докторот, кој го барал својот син. Видно беше вознемирен и постојано го повторуваше своето име. Трчаше низ ходниците и го бараше во амбулантите. Неговите колеги веднаш го препознале и за жал морале да ја споделат страшната вест – дека синот е најтешко повреден, дека се борат за неговиот живот и дека го чекаат неколку тешки операции. Како лекар и самиот е свесен колку е опасна состојбата на неговото дете и какви може да има сите последици од оваа повреда врз неговото здравје, вели соговорникот на Информер.

Седмоодделенецот Коста К.(13) утрово во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум деца и чувар. Во овој грозоморен напад тој тешко повреди неколку ученици и наставникот по историја.

Инаку, таткото на Коста е исто така познат доктор радиолог кој често гостувал во телевизиски емисии каде говорел за проблематиката на која работи.

Total
0
Shares
Поврзани објави