На Палевски му е одреден 40 дена затвор во Беликесир

Министерството за правда соопшти дека преку дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција се информира дека на осомничениот за двојното убиство Љупчо Пелевски, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ во Турција.

Од Правда велат дека ова се прави согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( РСМ), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци.

Неколку месеци може да трае постапката за екстрадиција на Палевски од Турција, информираа неодамна од Министерството за правда.

Истрагата за убиството на Вања и Панче почна на почетокот на овој месец и во неа, покрај Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје.

Во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палевски.

Палевски пребега во Србија, оттука преку Бугарија, заминал во Турција, каде полицијата го уапси во градот Баликесир.

Total
0
Shares
Поврзани објави