Нема лекарска грешка, причина за смртта на малата Јана е инфаркт од пневмонија – извештај од обдукцијата на Судска медицина

Нема лекарска грешка во случајот на малата Јана Христовска. Девојчето починало од инфаркт што го предизвика пневмонија, а нејзината смрт нема причинско-последична врска сo примената инфузија како што се сомневаа родителите. Извештајот од обдукциониот наод на Судска медицина обвинителството го достави до мајката и таткото на малата Јана.

Адвокатот на семејството денеска до Обвинителството доставил барање за вештачење на компјутерот во Битолската болница каде е евидентиран целиот третман на малата Јана од приемот  до нејзината смрт, затоа што има различни изјави за времето кога точно почина Јана Христовска.

„Некаде пишува дека во 13:20 почина, некаде пишува дека во 15:30 почина. Анестезиологот кажува едно, лекарите од Детското одделение кажуваат друго. Изјавите не се совпаѓат. Адвокатот испрати писмено барање до ОЈО  да се вештачи компјутерот дали во тие 2 часа прикривале или менувале нешто во извештајот во компјутерот“, вели Кристина, мајката на Јана.

Родителите сега чекаат Битолското обвинителство да донесе одлука дали ќе има обвинение за лекарска грешка. Потоа тие ќе одлучат дали ќе бараат и странска експертиза затоа што останува нивниот сомнеж дека при лекувањето на 6-годишната Јана се направени пропусти.

Јана почина на 22 март само неколку часа откако родителите ја донесоа во Детското одделение во Битолската болница, како што тврдат со симптоми на блага настинка. Велат дека состојбата нагло и се влоши по промената инфузија и  обвинија за лекарска грешка. . Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет за овој случај и побара обдукција. Смртта на Јана предизвика голем револт и бура од реакции во јавноста, во неколку наврати беа организирани и протести на кои се бараше одговорност за прерано згаснатиот живот.

Total
0
Shares
Поврзани објави