47- годишен маж сам се пријави во полиција и призна дека ја искршил таблата на здружението Цар Борис во Охрид

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со Г.И.(47) од Охрид. Притоа, констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис  „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

Во врска со  делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

МВР потврди: Трите лица се пронајдени починати во автомобилот марка BMW кој беше извлечен од Лепенец во деноноќната акција на тигрите

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка…