Нема струја од Охрид до Кичево

Поради два паднати големи далновода во планинските и тешко пристапни предели, четвртина Македонија остана без струја. Нема струја од Кичево па до Охрид.

Според првичните информации што ги добивме од директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, проблемот е голем. Двата далновода паднале од многу снег кој интензивно врне на планините. Ангелов кажа дека подоцна ќе има повеќе информации за ситуацијата. Вели дека во моментов ни тој не може да каже колку ќе трае санирањето на далноводите.

Oд државниот преносен систем оператор МЕПСО потврдија дека се работи за испад на далеководите Вруток-Шпиље и Битола-Ресен. Велат дека екипи се на терен и состојбата ќе се нормализира за скоро. Поради дефектот, проблеми има и со мобилната телефонија и интернетот.

Охриѓани реагираат дека денес подолго време се без струја, добиле само на десетина минути и пак снемало.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Обвинението за Тачи и Веселји објавено пред да биде потврдено, првообвинетите се обиделе да ја попречат работата на судот и обвинителството

„Жртви на кривичните дела од обвиението се лица чиј идентитет ни е познат, меѓу кои се косовски Албанци, Срби, Роми и лица од дргиги националности, како политички противници“, соопшти Специјалното обвинителство во Хаг.