Нова трагедија во Битола: Бебе починало во стомакот на родилка во Битола

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена, пишува „Независен“.

Според информациите, кога родилката се вратила ноќта во болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава порталот од болнички извори.

И директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски го потврдил случајот, без детали.

Денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

И од битолското обвинителство го потврдиле случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта. Чекаме известување, па во зависност од наодот ќе знаеме дали предметот ќе се префрли кај нас“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Активистката Љатифе Шиковска и директорот на затвор Идризово Боби Мојсоски влегуваат во Парламент – целосен список на пратениците на СДСМ

По објавувањето на конечните неофицијални резултати од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, течат роковите…