Нов силен земјотрес во БиХ

Почвата во областа на Херцеговина не се смирува, а последните земјотреси се забележани попладне и вечерва во Невесиње со јачина од 2,8 и Столац со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар во 20.02 часот регистрираше земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала во областа Столац, поточно 12 километри од тој град и 36 километри од Мостар.

Претходно, уредите во Центарот за сеизмологија на Федералниот хидрометеоролошки завод (ФХМЗ) регистрираа земјотрес во областа Невесиње во 17.34 часот, јавува Klix.ba.

Ова е продолжение на серијата послаби земјотреси кои уследија по земјотресот што синоќа ја потресе Херцеговина со епицентар кај Столац, кога 27-годишна девојка загина откако парче карпа падна врз нејзината куќа.

Голема материјална штета земјотресот предизвика во Столац, Мостар, Чапљина, Љубиње и други места во Херцеговина.

Длабочината на земјотресот се проценува на два километри.

Total
0
Shares
Поврзани објави