Пратеникот Манојлоски навреден оти бил претресуван од вооружени полицајци во Ѓорче Петров, кои трагале по разбојнци во банка

ооружени полицајаци утрото го сопреле возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојлоски во населбата Ѓорче Петров, барајќи од него да го напушти возилото и да го отвори багажникот, за да извршат претрес.

Во телефонски разговор, Манојлоски не информираше дека се обидел да им објасни на полицајците дека се упатува на работа во Собранието, каде што е пратеник, но тие инсистирале да извршат претрес во багажникот.

Манојлоски потенцираше дека е вознемирен по случката и поради тоа, ја напуштил седницата на Комисијата за труд и социјална политика, во знак на револт. Заменик претседателката на собраниската Комисија Весна Пемова, ја прекинала седницата поради немање кворум.

Од Министерството за внатрешни работи известија дека полициските службеници од полициската станица во Ѓорче Петров, биле поставени на позиција во врска со извршено кривично дело.

„Вршени се проверки на возилата на граѓаните, а меѓу нив и на Г.М. , без притоа воопшто да знаат дека станува збор за пратеник. По извршената проверка, на лицето му е дозволено да си оди без никакви проблеми“,

– соопштија од МВР.

Претпладнево, во Сарај, околу 10 часот и 40 минути, вооружена група од четворица разбојници, извршила грабеж во експозитурата на НЛБ Банка АД Скопје. Неофицијално, украдени се неколку десетици илјади евра. Заради тоа, полицијата, врши претрес на возилата на неколку локации низ Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави