Огромни поплави во Њујорк

Рекордно ниво на дожд го преплави канализациониот систем во Њујорк во петокот, што резултираше со наплив од поплави низ улиците и во подрумите на згради, училишта, метрото и возилата низ најнаселениот град во САД.

Како што пренесуваат американските медиуми, нивото на водата се зголемувало брзо и бесно, што било причина за загрозување на безбедноста на Њујорчаните во петочниот утрински шпиц.

Рекордното ниво на дожд во еден ден е најголемо измерено од 1948 година.

Според научниците, овие врнежи се симптом на климатските промени, кога затоплената атмосфера делува како масивен сунѓер, способна да испушти повеќе водена пареа и потоа да ја исцеди во интензивни изливи.

„Генерално, како што знаеме, овој променлив временски модел е резултат на климатските промени“,изјави Рохит Агарвала, главен директор за климатски услови во Њујорк на прес-конференција.

„И тажната реалност е што нашата клима се менува побрзо отколку што нашата инфраструктура може да одговори“,дополни тој.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул прогласи вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон во петокот наутро како најтешко погодени од поплавите.

Во интервју за њујоршката WNBC-TV, таа ги повика жителите да останат дома поради широко распространетите опасни услови за патување.

„Ова е голем предизвика за нас. Ова е настан кој ги менува животите. И сакам сите Њујорчани да внимаваат на предупредувањата за да бидеме безбедни“,изјави Хочул.

Поради изливите на реките, предупредувања за опасност од поплави има во Конектикат, Њу Џерси и јужен Њујорк.

Total
0
Shares
Поврзани објави