Од денеска престанува да важи мерката за бесплатен автобуски превоз во Скопје

Одлуката на ЈСП да ја укине мерката за бесплатен автобуски превоз следува откако вчера Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека во главниот град престануваат да важат сите мерки и препораки за надминување на прагот на алармирање за загаденоста на воздухот

Од денеска престанува да важи мерката за бесплатен автобуски превоз во Скопје која беше воведена пред два дена поради аерозагадувањето во главниот град.

Ваквата одлука вчера ја соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), со образложение дека е прекината епизодата од два последователни дена на загаденост на воздухот во главниот град, односно два дена по ред не е преминат прагот на алармирање за аерозагадувањето.

Одлуката на ЈСП да ја укине мерката за бесплатен автобуски превоз следува откако вчера Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека во главниот град престануваат да важат сите мерки и препораки за надминување на прагот на алармирање за загаденоста на воздухот.

Total
0
Shares
Поврзани објави