ВМРО-ДПМНЕ: Освен за дресура на магариња, братот на пратеникот Велковски земал проект и за избор на сирење

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска обвини дека преку Еразмус + програмата на братот на пратеникот Диме Велковски доделени се  125.000 евра за проект насловен „Избери сирење“.

Арсовски тврди дека станува збор за втор проект на братот на Велковски, по оној од над 83.000 евра за дресура на магариња.

„Доделени се 125.000 евра европски пари за проект „Избери сирење“ каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неспорно е веќе дали се валидни или не апликациите околу магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање, како е можно, овие два проекта во вредност од над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?“, вели Арсовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави