Откажан најавениот зафат, Скопје денеска ќе има вода

Скопје денеска ќе има вода, односно ќе нема прекин во водоснабдувањето како што вчера најавија од ЈП „Водовод и канализација“. Доцна синоќа, од претпријатието испратија соопштение дека Скопје редовно ќе се снабдува со вода, без никаков прекин во снабдувањето и дека некој на нивната Фејсбук страница објавил неточна информација.

„За жал, на социјалните мрежи од страна на неовластени лица беа објавени и ширени неточни и непроверени информации, при што против овие лица јавното претпријатие ‘Водовод и канализација‘ ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност поради обид да создадат несигурност кај граѓаните на Скопје“, се вели во соопштението на „Водовод и канализација“.

Вчера беше најавено дека денеска намален притисок или прекин на водоснабдување денеска од 17:00 часот ќе имаат повеќе населени места во Скопје.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ првично информираа дека прекинот ќе биде поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче.

Со намален притисок или со прекин на водоснабдување требаше да бидат населените места во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички Центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заразената болничарка од Инфективна клиника носела заштитна опрема при негување на починатата пациентка од конго-кримска хеморагична треска

Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема…