Пендаровски: Згрозувачки се сомнежите за злоупотребите на Онкологија, крајно време е системот да се справи со криминалот

Фрапантни и згрозувачки – вака шефот на државата Стево Пендаровски ги оцени низата наводи за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак на Клиниката на онкологија кои деновиве ја брануваа јавноста, а за кои МВР и Обвинителството отворија предистрага.

Во писмената реакција, која е објавена денеска на веб-страницата на претседателот, Пендаровски вели дека е крајно време наместо декларативно системот да потврди дека може да се справи и во пракса со тешките облици на организиран криминал и корупција и да се прекине културата на неказнивост и прекршување на законите.

„Никогаш нема да бидеме вистинско европско општество со одолговлекување на судските постапки и отсуство на лична одговорност. За здраво општество ни треба правна држава во пракса, не на хартија“,пишува Пендаровски во реакцијата.

Претседателот повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата преземена од МВР и од Обвинителството и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.

„Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им даде целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент“,се додава во реакцијата на шефот на државата.

Додава оти го разбира гневот на граѓаните кои денеска повикаа на протест барајќи одговорност од актуелни и поранешни министри и заменик-министри за здравство, како и од актуелната и ексдиректорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), но од поранешниот организациски директор на Клиниката.

За денеска е најавен протест, но имиња на организаторите не се наведени, а во делот како организатор на настанот е наведена фејсбук-страница со име „Протест против убиството на онкологија“ која на социјалните мрежи е активна од вчера. Почетокот е закажан во 18 часот пред Владата, од каде што се предвидува демонстрантите да се упатат кон Министерството за здравство.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мицкоски: Личност која го велича Путин е предлог на власта во работната група за уставни измени, и истата ќе ја плаќаат со народни пари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако…