Пензионер кој тргна на протест во Скопје, смртно прегазен на автопат

Пензионер од Неготино којшто се упатил кон денешниот протест за повисоки пензии бил смртно прегазен од возач од Романија.

Несреќата, според информациите од МВР, се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пункт Македонија.

„Патничко возило „фолксваген голф“ со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц.(41) од Романија, удрило во пешакот Д.С.(77) од Неготино“, велат од МВР.

Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гоблен до контејнер

Во Струга гоблен рачно изработен во оригинална рамка се најде покрај контејнер полн со ѓубре. Минувачи во виделе…