Пожар во трговски центар во Лушња, Албанија- повредени 42 лица

42 лица се повредени во пожар во трговски центар во Лушња, Албанија, соопштија локалните властите.

Пожарот избувнал вчера попладнето во комплекс згради во западниот град, 80 километри југозападно од главниот град Тирана.

Во 12-катницата се сместени и станови за домување. Пожарникарите и специјалните полициски сили успеаја да ги евакуираат сите станари, вклучително и некои лица кои се хоспитализирани поради труење.

На здравствени проблеми се пожалиле 39 жители, меѓу кои две седумгодишни деца и тројца пожарникари, кои се пренесени во болница.

Полицијата и пожарникарите допрва треба да откријат која е причина за пожарот, но локалните медиуми објавија дека најверојатно пожарот бил предизвикан од електричниот систем на климатизацијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави