Потрага по исчезнато лице во селото Лазарополе

Полициски службеници вршат пребарување по теренот во атарот на селото Лазарополе за пронаоѓање на повозрасен маж.

Неговото исчезнување било пријавено попладнево околу 17:30 часот преку Е-112, број за итни повици.

Од ЦУК ја потврдија информацијата која, како наведуваат, е дојдена од Регионалниот центар Тетово.

Според првичните информации, се работи за Д.П., на возраст од 74 години, кој има дијагноза деменција и последен пат бил виден околу 13:30 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави