Почина актерот Владимир Ендровски – Љац

  • „Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран“. Вака гласи објавата на Македонскиот народен театар, каде работеше Владимир Ендровски, кој почина на 60 годишна возраст.
  • Ендровски е дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски во 1991. На сцената на МНТ официјално е од 1993, иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни, меѓу другите: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989),Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).
  • Љац за пошироката јавност беше најпрепознатлив од неговите ТВ ликови, на пример како Дино во серијата „Трст виа Скопје“, за која ја има добиено наградата на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување.
Total
0
Shares
Поврзани објави