Почина маж, а жена се бори за живот при пад од зграда во центарот на Скопје

Во текот на вчерашниот ден пред зграда во центарот на Скопје пронајдени се починат маж и жена која се бори за живот.

На 12.02.2023 во 12:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, се вели во соопштението од МВР.

Неофицијално, се работи за Филип М., познат креативец и музичар, и Кристина Г, дел од македонскиот бенд „Bеrnays Propaganda“.

МВР во моментов не го класифицира несреќниот настан како обид за двојно самоубиство и чекаат да се подобри состојбата на девојкaта.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нема пасош за Камчев

Бизнисменот Орце Камчев нема да добие нов времен пасош, иако за него понуди гаранција од 2 милиони евра.…