Почна седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието

На дневниот ред на седницата на Комисијата за уставни прашања во Собранието ќе биде предлогот за пристапување кон измена на Уставот, со што почнува процедурата за уставните измени. Во салата присутни се премиерот Димитар Ковачевски, министерот за правда, Кренар Лога, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, како и пратениците од власта и од опозицијата.

Според Деловникот, дебатата за уставните измени може да трае десет работни дена.

Уставните измени се однесуваат на додавање делови од народи во преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот при набројувањето на деловите од народите во земјата. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, по зборот бошњачки народ, се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египетскиот народ.

Total
0
Shares
Поврзани објави