Прв протест за поддршка на самохраните и еднородителските семејства

„Една може ве поканува да учествувате и да го поддржите протестниот марш на 13.02.2022 година во Скопје со почеток од 13:00 часот со првична собирна локација од „Жена Парк”. Мирниот маршот ќе се движи регулирано се до Министерството за труд и социјална политика.

Со ова сакаме да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддрувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Темата за самохраните и еднородителските семејства не смее да биде табу! Не повеќе“, соопштуваат од организацијата „Една може“. 

Барањата ќе се однесуваат најмногу на зголемување на социјалната помош, детски и образовен додаток за сите деца од еднородителски семејства, да се превземат мерки за тоа социјалните центри да постапуваат согласно законските правила, најчесто кога се одлучува кому ќе припадне детето.

Total
0
Shares
Поврзани објави