Пред 5 години имала несреќа со жртви во Турција- фирмата чиј автобус со фалсификувани документи возел за Истанбул

Според повеќе медиумски написи, фирмата Бога транс, регистрирана во Аеродром во Скопје, е сопственик на автобусот кој вчера беше запленет кај Миладиновци затоа што кон Истанбул возел со фалсификувани документи за регистрација и број на шасија.

Автобус од марката Сетра е запленет, а пд МВР не соопштуваат кој е сопственик. И возачот е под инспекциска проверка бидејќи постојат сомнежи дека немал соодветен документ за управување со автобус во меѓународен сообраќај.

Автобус на фирмата Бога транс пред 5 години се судри со камион во внатрешноста на Турција. Еден македонски турист загина, а 5-мина беа сериозно повредени.

Тогаш возачите беа приведени поради обезбедување за истрагата во Турција додека турските лекари се бореа за најтешко повредените патници од Македонија. На најтешко повредениот патник му беше ампутирана ногата.

telma.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

КАРИЛ- Видовме оток на мозокот на ракометарот , но тоа може да биде и од недостаток на кислород – ги осудуваме шпекулациите во јавноста ние сторивме се да го спасиме

Клиниката за ТОАРИЛУЦ-КАРИЛ денеска ги осуди, како што наведуваат, сите шпекулации во јавноста во изминатиот ден поврзани со…