Приведен вториот од напаѓачите на Пендиков

Вчера во 17 часот полициски службенци го лишија од слобода Б.А. Тој беше баран по централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Б.А., додава Димоски, е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.

Инаку, судењето за тепачката во Охрид во која подебелиот крај го извлече Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, што случајот го подигна на дипломатско ниво, ќе започне на 28 февруари.

Total
0
Shares
Поврзани објави