Пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар е лажна

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А..

„Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности.

Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А..

Направени се проверки во кординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна.

Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна. Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување“, стои во соопштението од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Втор уписен рок – новите студенти најмногу сакаат медицина и информатика, најмалку шумарство и новинарство (список слободни места)

Иако на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) се пријавија повеќе кандидати од предвидената квота, сепак,…