Противоздушната одбрана на Русија собори 42 дрона над Крим

Руската воздушна одбрана уништи 42 украински беспилотни летала над полуостровот Крим рано утрово, соопшти руското Министерство за одбрана на Телеграм.

„Во текот на ноќта на Крим беа соборени 42 украински беспилотни летала, од кои 33 беа потиснати со електронско војување, а 9 беа соборени со противвоздушна одбрана“, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Во текот на ноќта беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напади со беспилотни летала на територијата на Руската Федерација“, се вели во соопштението на министерството на Телеграм.

Претходно гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев изјави дека над морето се уништени неколку беспилотни летала, а нема повредени или оштетувања на инфраструктурата.

Total
0
Shares
Поврзани објави