Рено си оди од Русија?

Управниот одбор на Групацијата Рено едногласно го одобри потпишувањето на спогодбата за продажба на сите акции што ги поседува во Рено Русија на градот Москва, додека уделот од  67,69% во инситутот за истражување и развој на автомобили и мотори НАМИ одат на контото на АВТОВАЗ. Овие трансфери со ништо не се условени и набавени се сите согласности. Спогодбата овозможува во текот на следните шест години Рено да го откупи својот удел во АВТОВАЗ. Првиот човек на Рено, Лука де Мео, изјави дека е донесена тешка но неопходна одлука одговорно да се постапи кон сите 45.000 вработени во Русија. Како што беше порано најавено, спогодбата е направена со неготовинско ускладување во износ на сметководствената вредност консолидирана од нематеријален имот, недвижнини, производствените капацитети и опрема на групацијата која ќе биде евидентирана со резултатите за првата половина за годинава.

автомагазин

Total
0
Shares
Поврзани објави