Македонскиот ракомет утринава го потресе веста за ненадејната смрт на актуелниот тренер на прволигашот Пролет, Александар Јовиќ.
Поранешниот македонски репрезентативец пред само неколку часа нормално си ја извршувал својата задача како предводник на Пролет, но потоа неговото срце престанало да чука, вест која ги шокираше сите во нашата земја и пошироко.
Јовиќ беше исклучително ценет како работник, а за тоа говорат реакции од РФМ и клубовите кои се збогуваат со него.
-Тинекс Пролет со огромно жалење ја информира јавноста за прераната смрт на нашиот тренер Александар Јовиќ.
Сите сме во шок од информацијата добиена утрово, дека Јовиќ го во раните утрински часови го загубил животот, иако само неколку часа претходно ги водеше тренинзите на нашата екипа.
-Немаме зборови да ја опишеме загубата, не само за нашиот клуб, туку и за целокупниот македонски ракомет, врз кој Ацо Јовиќ остави длабока трага и како играч и како тренер.
-Александар Јовиќ помалку од една година беше предводник на нашата прва екипа и работеше со младинските категории во тимот, секогаш импесионирајќи со желбата да се помогне на секој играч да напредува во кариерата. Имено на Јовиќ засекогаш ќе остане запишано во историјата на нашиот клуб, како синоним за беспрекорен професионалец кој живееше за ракометот, -истакнаа од Пролет.