Се правела фама, па во февруарските сметки за струја нема да има надоместок за пренос на струја за да има доверба, посочува Бислимоски

Надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари во сметките за струја е законски и не е згрешено што се плаќа. Но, бидејќи тој надоместок стапува на сила од 1 јануари, а книжењето на сметките е во меѓу период, имало сомнеж кај граѓаните дали смеат ЕВН да го наплаќаат ова во декемвриските сметки кои се испорачуваат во јануари и опфаќаат 15 дена од новиот месец. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски кажа дека овој надоместок ќе го нема во сметките кои граѓаните ќе ги добијат во февруари, за да се зголеми доверабата меѓу граѓаните и ЕВН.

„Во јануари граѓаните ги добиваат декемвриските сметки. Тие се правилно аплицирани од ЕВН, како што се одлуките за цени, така се аплицирани во самите сметки. Во сметките е аплициран и новиот надоместок за пристап кон мрежа, од 200 денари. Одржавме состанок со ЕВН и со цел да ги тргнеме сите сомневања, дека надоместокот е дополнителна давачка – надоместокот е во рамките на регулираниот приход. Во јануариските сметки кои ќе ги добијат граѓаните во февруари, ќе го нема тој надоместок од 200 денари, за да се тргнат сомнежите дека е екстра давачка и дека ќе претставува профит“, вели Бислимоски.

Тој додава: „Ова го правиме за да ги убедиме сите дека надоместокот нема да биде екстра профит за било која компанија. Мора да промовираме доверба. Потенцирам дека во јануарските сметки кои ќе ги добијат граѓаните во февруари нема да го има надоместокот“.

Според него, нема ништо незаконски во постапувањето на ЕВН.

„Компанијата ЕВН постапила согласно одлуката на Регулаторна бидејќи има период на отчитување во декември и има во јануари. Од 15 декември до 31 декември се едни цени и од 1 јануари до 15 јануари се други цени. Граѓаните треба да си го искористат намалувањето на првиот блок. Од тие причини, фактурите се според нашите одлуки. За да не се шират фами дека има екстра профит за некого, ќе го нема надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари. Тие сметки ќе ги добијат граѓаните во февруари“, додава тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави