СЗО: Изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал Шифа

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денеска изјави дека организацијата изгубила контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал Шифа во Газа, откако израелските сили започнале „целна операција“ внатре во установата.

„Извештаите за воениот упад во болницата Ал Шифа се длабоко загрижувачки“, напиша на социјалните мрежи генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Повторно изгубивме контакт со медицинскиот персонал во болницата. Ние сме крајно загрижени за нивната безбедност и безбедноста на пациентите“, додаде тој.

Јорданското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое ја осудува израелската воена акција во болничкиот комплекс Ал Шифа.„Ова е кршење на меѓународното хуманитарно право, особено Женевските конвенции од 1949 година кои се однесуваат на заштитата на цивилите во време на војна“, соопшти Министерството, додавајќи дека Израел сега е одговорен за безбедноста на цивилите и медицинскиот персонал кој работи во болницата.

Total
0
Shares
Поврзани објави