Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судството и момент на слабост, предвремени избори се апсолутно непотребни

Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост, да не речам момент на искреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено ДУИ 20 години во власта треба да го почитува начелото на поделба на власта или партиите треба да се држат на страна

Притисок врз судството и момент на слабост, е оценката на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во брифинг за „Слободен печат“ дека ќе излезе на улица и враќање нема додека не иницира предвремени парламентарни избори заедно со локланите, ако се покрене обвинение против ексминистерот Крешник Бектеши за трагедијата во Кочани.

-Јас за разлика од господинот Ахмети ќе ги мерам зборовите, не сакам да се мешам во судската власт, но знаете што, сите, па и Ахмети и ДУИ многупати се повикувале на независноста на судската власт, меѓутоа ваквиот говор всушност значи пристисок врз судската власт. Не сакам да давам оценка на квалификацијата, веројатно е момент на слабост, да не речам момент на искреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено ДУИ 20 години во власта треба да го почитува начелото на поделба на власта или партиите треба да се држат на страна – вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, честопати  не може да се направи разлика меѓу тенката линија каде завршуваат партиите и каде почнуваат државните институциите и дека државите каде партиите понекогаш се претставуваат како да се државни инструции, а не се, се нарекува партитократија, а тоа не е демократски модел.

-Ахмети многупати повикувал на ветинг, ветингот е во функција на квалитетно вршење на функциите вклучувајќи го и судот. Се надевам дека ова беше само една изјава и дека Ахмети и ДУИ кои долги години беа на власт научлиле дека треба да се почитуваат институциите и дека судот е тој кој ќе пресуди дали згрешил или не. Не зборуиваме само за еден човек којшто се нашол во судот, презумпцијата на невиност важи за сите – вели шефицата на државата.

izvor Sloboden pecat

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

24 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 7.571 тестирањe, а регистрирани се 1.074 нови случаи на КОВИД-19, информираат од…