Скопје утринава во топ 10 листата по загаденост на воздухот

Скопје утринава се најде на седмата позиција во топ 10 листата од градови со најголемо аерозагадување според податоците на Ај Кју Еар со индекс на загаденост од 158.

Главниот загадувач се ПМ 2,5 честичките, чии концентрации се 65,2 микрограми на кубен метар, додека концентрацијата на ПМ 10 честичките е 84,4 микрограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје е 13 пати повисока од годишната вредност што ја препорачува Светската здравствена организација.

Најзагаден град во светот во моментов е Делхи, по што следуваат Лахор и Каиро.

Од балканските градови, најблиску до Скопје е Сараево, кое се наоѓа на четвртата позиција на оваа листа.

Еко активистите но и здравствените работници постојано ја истакнуваат сериозноста на ситуацијата, предупредувајќи на потребата од итни мерки за намалување на аерозагадувањето, бидејќи тоа има директни и долгорочни негативни ефекти врз здравјето на граѓаните.

Total
0
Shares
Related Posts