Советот на Град Скопје ги задолжи Арсовска и ЈСП да достават информација за јавниот градски превоз во рок од седум дена – таа не е на седница од здраствени причини

– Советот на Град Скопје, на денешната 21 седница, со 22 гласа за донесе заклучок за задолжување на градоначалничката Данела Арсовска и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје да достават информации за јавниот градски превоз во рок од седум дена.

Според заклучокот, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и ЈСП, до Советот на Град Скопје, во рок од седум дена да достават информација за актуелната состојба во јавниот градски превоз, состојбата во ЈСП, како и на начинот на организација и реализација на јавниот градски превоз.

Градоначалничката не е на седница од здраствени причини.

Total
0
Shares
Поврзани објави