Заев ја осуди полициската бруталност врз ромите

Премиерот Зоран Заев денеска остро го осуди полициското насилство врз граѓаните и побара виновниците да добијат соодветна казна.

„Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда. Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста“, напиша на неговиот фејсбук профил премиерот Заев.

Тој ги поздрави напорите на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, кој го утврдил идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан.

Total
0
Shares
Поврзани објави