Софијанова : Никогаш не сум зела толкава плата , јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 во интерес на сите мои и наши пациенти

По вчерашното видео на кое д-р Софијанова бурно реагира на прашањата на новинар во врска со нејзината плата и наводно не доаѓање на дежурство се огласија од Детска клиника. Соопштението го пренесуваме во целост :

Клиниката за детски болести сака да ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во:

1. Член 216 – Дежурство

2. Член 217 – Посебен случај на дежурство

3. Член 218 – Готовност

4. Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност, и

5. Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност

Во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

Во интерес на севкупната транспарентност на нашата институција во прилог на ова соопштение ви го доставуваме и законскиот акт (атачиран документ во ПДФ).

Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на Директорката Др. Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста.

Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите.

На крајот изразуваме жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден.

Се огласи и докторката и на ФБ напиша:

Почитувани пријатели и сите останати,

Сакам на почетокот да изразам жалење за тоа што во текот на вчерашниот ден и начинот на кој се одвиваше комуникацијата во јавност.

Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.

Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и јикаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.

Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња. Тие се мојот приоритет, јас работам и кога не сум физички присутна достапна сум 24/7 и тоа го имам прифатено како животен стил бидејќи тоа е тоа што го знам најдобро во интерес на сите мои и наши пациенти.

Останувам транспаретна и достапна за сите информации.

Искрено ваша

Total
0
Shares
Поврзани објави