Со нож ранети двајца израелски полицајци во источен Ерусалим, напаѓачот убиен

Двајца припадници на израелската полиција утрово се ранети во напад со нож во близина на Иродовата порта во стариот Ерусалим, пишува Тајмс оф Израел.

Израелските медиуми јавуваат дека еден од ранетите е во критична состојба, а другиот има полесни повреди. Како што се наведува понатаму, полицајката е во тешка состојба, додека полицаецот е полесно повреден.

Полициските сили го неутрализирале напаѓачот, соопшти полицијата без да прецизира попрецизни детали. Сепак, медиумите објавија дека станува збор за, како што наведоа, 16-годишен терорист од населбата Исавија, кој со месарски нож ја нападнал полицијата.

Според органите на прогонот, напаѓачот со нож избодел двајца гранични полицајци пред полициската станица во Шалем.

Медиумите во Ерусалим наведуваат и дека е уапсено уште едно лице осомничено дека му помагало на напаѓачот.

Total
0
Shares
Поврзани објави