Спасувачка акција и трагедија близу Охрид: две лица се спасени, едно е починато

Спасувачка акција и трагедија се случија во селото Требеништа дел од општина Дебрца, близу Охрид. Гореше куќа, во која имало три лица. Од противпожарната единица Охрид кажаа дека биле спасени две лица, а едно било пронајдено починато.

„Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во с.Требеништа – Општина Дебарца.При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице“, велат од ТППЕ Охрид.

Полицијата прави увид.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се бара дедо Трајан

Се бара дедо Трајан. Според семејството тој има деменција . Утрово излегол од дома од село Усје скопско…