Судот во Стразбур утре ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на екс претседателот Иванов

Европскиот суд за човекови права утре во Стразбур ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Се работи за аболицијата од април 2016 година со која Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите.

Во предметот се засегнати и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како екс премиерот Никола Груевски, министрите во неговата влада Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, првиот човек на Управата за безбедност и разузнување Сашо Мијалков, но и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Во објавата на Судот се наведува дека подносители на жалбата се осумина граѓани на Република Северна Македонија.

Европскиот суд, по пет и пол години од поднесените апликации, ќе даде одговор дали предметите на СЈО и судењата кои се во тек ќе продолжат или ќе запрат и ќе се поништат а обвинетите и осудените, при евентуално поништување, ќе можат од државата да бараат обесштетување.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, според најавата од Министерството…