Апасиев: Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија!?

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица објави фб статус во кој дава своје видување и толкување на работата на скопската пајак служба. Неговиот ФБ статус го пренесуваме во целост:

Скопската ПАЈАК СЛУЖБА работи во спрега со урбаната мафија!?Во мое маало, во Аеродром, забележувам дека скоро секое утро по пет-шест пајак возила им ги креваат колите на станарите од пред зграда, на тој начин директно терајќи ги да купуваат паркинг места од инвеститорите и градежните компании.Во нормална држава, со купувањето на станот ти следува и твое ПАРКИНГ место (пред зграда или во подземна гаража). Но, нашите инвеститори – кои ги подмитуваат градоначалниците со по стан-два за секое издадено одобрение за градба – за да спечалат екстра профит, си соработуваат со локалните власти и сообраќајната полиција, дерејќи го народот со казни, за да го присилат да им ги купува прескапите паркинг места (кои чинат 5-6.000 ЕУР по место). Оти секое земање на возилото со пајак, ќе те кошта околу 100 ЕУР (2.500 ден. за пајакот + казна за погрешно паркирање). Ете така, мој народе, на дело се дешава она што неолибералните влади го викаат “јавно-приватно партнерство”

фб – Димитар Апасиев

#Прц#ПаДаСиГиГласате

Total
0
Shares
Поврзани објави