Тензична ноќ во ЈП Комунална хигиена, повикана била и полицијата

Ноќеска состојбата во ЈП Комунална хигиена била тензична.

Имено, полицијата била повикана во претпријатието со цел вработените да излезат на терен да работат, јавува ТВ21.

Како што објавивме и претходно, вработените во петокот пред полноќ прекинале со работа, и се жалат на отпуштањето на голем број вработени и деградадирање од страна на актуелните раководители на претпријатието

Тие бараат подобри услови, но и повисоки плати.

Сепак, според директорката Косана Мазнева штрајк не смее да има, бидејќи граѓаните на Скопје не смеат да се гушат во смет.

Total
0
Shares
Поврзани објави