Таткото на Вања плачел и тврдел: „Не ги знам!“, адвокатот побара да го пуштат од притвор

Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост, пишува Фокус. Додека чекал да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.

-Јас не разбирам. Не ги познавам, беа единствените зборови на осомничениот најверојатно сакајќи да каже дека не ги познава осомничените.

Тој и неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ поднеле жалба на одлуката на Кривичниот совет да му биде продолжен притворот, па сега второстепниот суд ќе одлучува по нивната жалба.

Додека чекаше да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.

Total
0
Shares
Поврзани објави