Тодоровиќ, Груевски и останатите се апасат за Воинот на коњ и споменици од проектот Скопје 2014 – се бара притвор

Обвинителството бара притвор за осомичените од акцијата Феникс.

Јавното обвинителство на прес-конференција ги објави деталите по апсењето на ексградоначалникот на општина Центар,  Владимир Тодоровиќ, е обвинет за злоупотреба на службената положба а дел од групата од 15 лица се сомничат и за перење пари за проектот „Скопје 2014“.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе информира дека во предметот „Феникс“ на ОЈО ГОКК од проектот „Скопје 2014“ се спроведува истражна постапка против 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои освен македонски државјани, има еден државјанин на Италија и три италијански правни лица.

Истрагата опфаќа и поранешен министер за култура и за финансии и двајца градоначалници на Центар.

-Произлезе основано сомнение дека од втората половина на 2007 година па до крајот на 2013, првоосомничениеот (Никола Груевски) како претседател на Влада и претседател на тогашна политичка партија на власт заедно со своите најблиски соработници, заменик-претседател на Влада и министер за финансии (Зоран Ставревски), како и тогашен претседател на советот на општина Центар и градоначалникот на општина Центар, се поврзале со цел остварување политичка и финансиска корист. За проектот 2014 не постои писмен документ, програма, одлука од надлежен државен орган, рече Лапе.

Истрагата е се уште во тек. Дел од осмоничените се приведени, како Владимир Тодоровиќ, екс градоначалник на Центар и газда на ланецот маркети „Тинекс“, поранешниот претседател на Советот на Општина Центар, Владимир Здравев, потоа Тодор Делјановски, Игор Секуловски и Љупчо Бакев.

Групата во подолг период користејќи го проектот Скопје 2014 набавувале споменици од фирма во Фиренца Италија но и переле пари преку фиктивни фактури, велат од Обвинителство.

Од Италија во македонија пренеле валкани пари над 170 000 евра. Биле подигнати во готовоина и предадени на еден од осомничените. Од 2009 до 1010 од Фиренца преку друга странска држава по основ на фиктивни фактури за консултански услуги префрлиле 327.850 евра. Според обвинителството сумата достигнува над 16 милиони евра.

Преку Министерството за култура и третоосомничената (Елизабета Канческа-Милевска) се подготвувале и поднесувале иницијативи за изградба на споменици, под изговор дека се спомен-обележја од локално значење за жителите на општина Центар.

-Незаконски префрлиле на сметка на општина Центар 3 милијарди и 547 390 илјади денари. Со цел да се прикажат дека е проект на општината, градоначалникот на општината ги прифатил средствата, рече меѓу другото Лапе.

Како што кажаа од обвинителството случајот се однесува на перење пари преку изработени споменици од исто правно лице во Италија. На списокот се спомениците Воинот на коњ, лавовите, Даме Груев, Никола карев, Гемиџии, Цар Јустинијан.

Дел од осомничените се приведени, за дел се бара притвор, за дел мерки за обезбедување, велат од Обвинителството. Превземени се и други мерки како замрзнат имот, вклучувајќи и удели во странски компании, извршени се и повеќе претреси.

Total
0
Shares
Поврзани објави