Трифун е момчето кое загина од гром, имаше 17 години, прооде со јагнинњата, работеше со трактор, ги молзеше овците, а потоа одеше на училиште

Малолетник од гевгелиското село Негорци вчера загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме. Сите во шок и неверување, се опростуваат од 17-годишниот Трифун.

Текстот е напишан од Васка Ј, во групата на земјоделие:

-Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група.

Плачам и пишувам …..

Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ѓи овците во околината наречена ,,К’рот”во атарот на село Негорци.

Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето,на тракторот…

Дете кое стануваше во 5 ч.наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија. Дете кое се радуваше на животот,секогаш насмеан,сакан од најблиските,не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.

Тој ги почитуваше сите..и старо и младо…

Имаше многу пријатели од сите националности и често другаруваше со нив.

Царство -небесно Трифун Бучков, нека ти е светол патот….

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

(ВИДЕО) Познатиот јутјубер Стефонатор со солзи радосници: „Го победив туморот, се чувствувам како да ми започнува втор живот“

По втората операција на туморот, како и снимањето на ПЕТ скен, познатиот јутјубер Стефонатор објави убава вест, дека е излечен…
Повеќе

Девојка со редок и опасен карцином одбиена за помош од државата!!! “Македонијо,моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те напуштам”

Триесет и тригодишната Јана Арсовска боледува од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само еден во десет милиони.…