Три застрелани момчиња пред ноќен клуб во Атина, грчката полиција трага по двајца албански државјани

Грчката полиција трага по двајца државјани на Албанија од кои еден, по вербална расправија пред ноќен клуб во Атина, ладнокрвно застрела три момчиња, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот е снимен од безбедносни камери во близина на локалот, а снимките се споделуваат по социјалните мрежи. Според грчките медиуми, едно од момчињата е во критична состојба.

На видеото се гледа како излегуваат од возило, се доближуваат до група на момчиња пред клубот по што, најпрво започнуваат физичка пресметка, а во еден момент вади пиштол и пука.

Total
0
Shares
Поврзани објави