УХМР: Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Маврови Анови, и денеска поројни дождови и грмотевици

– Во изминатите 24 часа најмногу дожд – 87 литри на квадратен метар наврна во  Маврови Анови, по што следат Дебар со 65, Крива Паланка 57, Берово 40, Скопје – Петровец 33, Куманово, Ѓуриште и Попова Шапка 31, Струмица 24, Охрид и Крушево по 23, Скопје – Зајчев Рид 22, Тетово 18, Демир Капија, Гевгелија и Битола по 17, Штип 16, Прилеп 14, Претор 13, Велес 12, Виница10, Тополчани 9 и Дојран со 8 литри на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места беа поројни проследени со грмежи и можна појава на град.

Утрово е облачно со врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни од над 40 литри на квадратен метар.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени. 

Total
0
Shares
Поврзани објави