Фон дер Лајен: Договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти

По 17 години кандидатски статус Македонија денеска во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Утринава се одржа првата меѓувладина конференција. Прва говореше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која кажа дека Македонија наскоро со нас ќе го потпише ФРОНТЕКС договорот. Ова ќе ја зајакне соработката во однос на миграцијата.  Димитар, ти ветувам од мое име дека догворот

Димитар, можеш да сметаш на мојата поддршка дека договорот ќе биде преведен на македонски јазик, без фусноти, без цртички, на еднакво ниво со сите 24 европски јазици, истакна фон дер Лајен.

Најави засилување во инвестициите, максимално користење на енергијата, европските фондови, што ќе значи и нови работни места.

Покажавте лидерство, визија, стратешко трпение, Еди рама неизмерно многу, но најважно од се е што во овие времиња на рсуката брутална војна вие постојано укажувавте дека европските вредности остануваат вашите основи, истакна Фон дер Лајен.

Прмиерот Ковачевски говореше на македонски јазик, изрази благодарност за заложбата на европските лидери Македонија да ги почне преговорите.

Со тоа се отвора вратата  нашиот македонкси јазик да стене дел од ЕУ, но и многумина ќе можат да се запознаат со него и нашата традиција, која ќе остане иста и во ЕУ. Нашето место е во ЕУ, докажавме дека сме партнер од доверба и така ке биде и во иднина, затоа очекувам позитивен пример за најбрза интеграција на земјата во ЕУ, исто како во НАТО, изјави премиерот.

Total
0
Shares
Поврзани објави