фото: Вучиќ со последно збогум за првата сопруга: “Заспа во прегратката на нашиот син”

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи се прости од својата прва сопруга, Ксенија Вучиќ, која ненадејно почина пред два дена на 56-годишна возраст.

„Ти благодарам што нашата Милица денеска е силна и непоколеблива девојка, нашиот Данило е пристојно и храбро момче, ти благодарам што нашите деца ги воспита дека најголема вредност е да се биде добар човек“, напиша Вучиќ.

фото: kurir.rs

„Ти благодарам што беше мој верен пријател и поддршка сите овие години, што веруваше и несебично го даваше својот максимум, помагаше за нашата Србија и народот да оди напред. Заспа во прегратката на нашиот син, верувам дека така сакаше, прегратката на Милица и Данило беше целиот твој свет. Почивај во мир и многу ти благодарам за сè. Твојот Александар“, напиша Вучиќ во објава која ја постави на „Инстаграм“.

Ксенија Вучиќ, новинарка и поранешна сопруга на претседателот на Србија, денеска ќе биде погребана на Новите гробишта во Белград.

Семејствата на Ксенија Вучиќ и Александар Вучиќ се на гробиштата и добиваат сочувство. Децата на Ксенија и Александар Вучиќ, Милица и Данило Вучиќ дојдоа на погребот со српскиот претседател.

foto:kurir.rs

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Силен земјотрес во Мостар

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Мостар. Според податоците на…