фото: Малолетник со автомобил прегази и усмрти жена на “Пластичарска” во Скопје

Полицијата излезе со детали за сообраќајната несреќа во која денеска загина 47 годишна жена кај „Пластичарска“.

-На 04.06.2022 во 13.05 часот било пријавено дека на бул. „Никола Карев“ патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје удрилo во Т.Р.(47) од Скопје.

Т.Р. починала на местото на настанот. Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопштија од МВР.

Ова е втора сообраќајна незгода во која настрадал пешак во период од два дена на истото место.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Одлука на Апелација Салиу пуштен од притвор – здравјето причина за одлуката иако ЈО смета дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат…