(ФОТО) Падна запросување при изрекувањето на пресудата за „Софтвери“

Даниел Станчев од „Инвока“ ја запроси обвинетатата Ирена Ивановска на рочиштето за изрекување пресуда за сучајот „Софтвери“.

Имено, двајцата беа неправосилно осудени на четири години ( Даниел Станчев), односно на три години и шест месеци (Ирена Ивановска).

До запросувањето дојде откако обвинителката Ивана Трајчева побара да им се определи притвор на четворица од неправосилно осудените меѓу кои и за Даниел Станчев.

Трајчева како една од околностите поради кои бара приотвор го наведе тоа што Станчев нема имот и нема оформено семејство. Потоа Станчев во судница зеде збор, ги кажа неговите аргументи против притворот и кога зборуваше околу околноста што нема семејство се сврте кон обвинетата, кажа дека е вљубен во неа, клекна на колена и ја побара за жена.

Таа стана, му одговори потврдно, по што се бакнаа и прегрнаа. Сите во судницата останаа вџашени од потегот, а судијаката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека споделиле убав момент и даде пауза од половина час за советот да одлучи дали ќе определи притвор за четворицата обвинети.

Во случајот „Софтвери“, во кој првообвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари и фалсификување исправа е поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, осуден е на затворска казна од осум години, а за виновни се прогласени и преостанатите шест обвинети чии затворски казни се движат од три до пет и пол години затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави